Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Како што пренесува британски „Телеграф“ договорот од двете страни е близу.
Манчестер Јунајтед оваа сезона влезе во проблеми со договорите на играчите, голем број од нив истекуваат на крајот од сезоната.
Еден од нив е и договорот на Ешли Јанг, кој во последните неколку сезони игра на бековските позиции.
Овој 33 годишен фудбалер ја игра својата осма сезона на „Олд Трафорд“, а спремен е да ја продолжи верноста на додатни година дена.
За ова се зборува уште од минатата година, па наскоро би требало да го потпише 12 месечниот договор.
Јанг од Солскер ја доби и капитенската лента, додека пак Антонио Валенсија не е дел од плановите на норвешкиот стратег и за разлика од Јанг веројатно ќе го напушти Јунајтед на лето.
Во слична ситуација се Ерера и Мата, на двајцата им се понудени нови договори, се чини дека Ерера ќе остане во Јунајтед, додека за Мата има бројни понуди, па сеуште не се знае ништо.