„Добро се чувствувам, се надевам дека ќе играм“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако во среда на домашен терен го пречекуваат Сити во реванш натпреварот од ЛШ.

Монако и Сити одиграа феноменален натпревар во Манчестер кога Сити победи со 5:3.

Навивачите на Монако веруваат дека нивниот тим може да ја надокнади предноста и да се пласираат во ¼-финале на ова натпреварување.

Меѓутоа, лоши вести за тимот е тоа што не се знае настапот на Фалкао. Тој се врати во стара форма оваа сезона, па би било голем хендикеп неговото отсуство.

Но тој даде изјава за медиумите:

„Се чувствувам добро. Утре ќе имам дополнителни прегледи по кои ќе се знае дали ќе играм. Што се однесува до мене, јас сум подготвен и се надевам дека ќе бидам во конкуренција за натпреварот против Сити.“