Договорено е: Лукаку се сели во редовите на Њукасл…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот лев бек, Џордан Лукаку следните шест месеци ќе ги мине на позајмица во Њукасл, со опција за откуп на крајот на сезоната. Тоа го објави добро упатениот новинар на Скај Спорт и експерт на фудбалскиот пазар, Џанлука ди Марико.

Лацио и Њукасл се договориле за преминување на играчот на Сент Џејмс Парк, каде Белгиецот би требало да добие соодветна минутажа, а потоа да се обиде да го заслужи останувањето во Премиер лигата.

Лукаку во Рим стигна во јули 2016. година од Остенде за 4 милиони евра, а оваа сезона во дресот на Небесно плавите, забележа 8 настапи.

Фудбалерот ги мина сите национални селекции на Белгија, а забележа и осум настапи во дресот на сениорската селекција на „Црвените ѓаволи“.