Договорено! Новогодишниот подарок за Рома доаѓа од Лондон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Позајмица до лето, а тогаш опција купување од 12 милиони евра.

Малку кој поверува во приказната дека Рома може во оваа зима да го заврши големиот трансфер на  Софијан Фегули од Вест Хем.

А преку денот се појави информација за тоа дека Волчицата и Чеканите се во преговори, стигна и потврда – алжирскиот офанзивец стигнува на Олимпико во наредните два до три дена!

Договор со играчот падна после долги и тешки преговори, пишува Газета дело Спорт.

Сега останува уште само да се договорат одредени детали со Вест Хем, но формулата треба да биде следна – позајмица до лето од милион евра, а тогаш опција купување од 12 милиони евра.

Ако додје во Рим, Фегули многу брзо може да стане носител на играта на Рома, со оглед дека Хуан Итурбе веќе го нема, а дека Мохамед Салах ќе биде на африканскиот Куп на нациите.

Фегули речиси извесно нема да настапи на тоа натпреварување поради слабата полусезона која ја имаше во Вест Хем.

На 15 натпревари во оваа сезона забележа само еден погодок и 555 минути на терен.