Договорен трансферот на Обамејанг?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


27 годишниот фудбалер,според француските медиуми, договори трансфер во тимот на ПСЖ кој за него се спремни да платат до 70 милиони евра.

Обамејанг ги поставил своите услови. Прифатил плата од 10 милиони евра од сезона,и останува уште Дортмунд  да го потврди овој договор.

Напаѓачот имал повеќе понуди,бил баран од Реал Мадрид,Барселона и Манчестер сити, но сепак се одлучил да се врати во Франција.

Во 2013 неговото пристигнување во Дортмунд за 15 милиони евра се покажало сосема вредно,постигнувајќи 119 голови во 188 натпревари.

Предходната сезона напаѓачот погодил 40 гола во 46 натпревари.