Долгогодишниот „Граѓанин“ бара уште една сезона на „Итхад“…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винсент Компани повеќе од веројатно е дека ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити во надеж да остане уште една сезона на „Итхад“.

Тоа би била 12. сезона за овој Белгиец ко уште во 2008. година пристигна за шест милиони фунти стигна во Манчестер Сити од Хамбург.

Преговорите моментално се во тек, а се очекува дека капитенот на Сити ќе прифати и помала плата со желба да остане на „Итхад“.

Компани имаше доста проблеми со повредите за време на ерата на Гвардиола во Сити, а оваа сезона 32-годишниот Белгиец запиша 14 настапи.

Тој изјави дека никој не носи избрзани одлуки за својата иднина иако би сакал да остане во Манчестер Сити, а добрата работа за него е и тоа што Пеп Гвардиола исто така сака да остнае тој во клубот и следната сезона.