Доминација на Мерцедес – Хамилтон најбрз на тренинзите во Мелбурн!

форВозачот на Мерцедес, Луис Хамилтон доминираше на двата тренинзи во првиот ден на отворањето на сезоната.

Тој на првиот тренинг во Мелбурн имаше време од 1:24.220, а зад себе го остави Ботас со 1:24.803 и Рикардо од Ред Бул со 1:24.886.

Хамилтон возеше и најбрз круг на вториот тренинг 1:23.620. втор беше Фетел со 1:24.167, а трет беше Ботас со 1:24.176.

Овие резултати на возачите на Мерцедес навестуваат нивна доминација, но што навистина ќе се случува ќе видиме овој викенд.

Квалификациите за ГН на Австралија се на програмата утре од 7 часот.