Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секоја чест за Михајловиќ“, рече Паоло Ди Канио.
Паоло Ди Канио не го крие задоволството од новиот најмлад голман во историјата на италијанската репрезентација.
Џанлуиџи Донарума за него е нешто невидено, голман каков што ретко се раѓа. По неговите зборови два пати во еден век.
Младиот чувар на мрежата и голманот на Милан иамше деби во репрезентацијата на Италија во пријателскиот меч кој Аѕурите го загубија со 1:3 против Франција.
Ди Канио и покрај три примени голови не го крие воодушевувањето.
„Такви голмани се раѓаат на секои 50 години. Него го допре Бог. Така интелигентен и смирен во главата. Има неверојатни квалитети. Синиша Михајловиќ направи навистина одлична работа кога одма го уфрли во „фудбал за големи момци“. Ако продолжи вака ќе биде природен наследник на Џиџи Буфон“, воодушевен е Ди Канио.
Донарума е роден во 1999 година во местото Кастеламаре ди Стабија. Висок е 196 сантиметри. Родителите му дале име Џанлуиџи.