Берлускони ја одреди судбината на Донарума во Милан!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Милан Силвио Берлускони рече дека нема да го продава Џанлуиџи Донарума.

Младиот Донарума има само 18 години и ја носи етикетата на најдобар млад голман на светот.

Го бараат многу клубови, но во Милан веруваат дека ќе остане лојален на долги стази, како и Џанлуиџи Буфон во Јувентус.

„Донарума е наш и не е на продажба. Тој е дел од наследството на Милан и одличен производ на нашата млада академија. Чувствува приврзаност кон клубот и Росонерите“, рече Берлускони.

Донарума има нешто повеќе од година дена од договорот со Милан, но во клубот работат се со цел да го задржат на долги стази.