Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потенцијалните сопственици на Милан наводно ќе понудат голем договор на Џанлуиџи Донарума.
Перспективниот италијански голман поради одличните одбрани веќе сега се поврзува со најголемите европски клубови, но веќе во еден таков настапува и впрочем и тука потекна, па нема сомнеж дека нема да има ништо против да остане.
Како што јавува Кориере дело Спорт, Кинезите кои ќе го преземат Милан ќе му дадат на Донарума 50 милиони евра за пет години.
Договорот треба да биде потпишан на 1 јули, кога ќе биде завршено со преземањето на клубот од страна на богатата кинеска групација.
Тоа значи дека годишно младиот голман ќе заработува пет милиони евра годишно, додека по тековниот договор заработува само 160 000 евра по сезона, поради тоа што беше под аматерски договор.