Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се чини дека управата на Милионерите е спремна за продажба на својот најдобар играч.
Пјер – Емерик Обамејанг во викендот што помина го помина Роберт Левандовски, по бројот на постигнати голови во дресот на Борусија Дортмунд.
Тој стигна до својот 105 гол, веќе сега има два повеќе од Полјакот, кој моментално ги брани боите на Баерн.
Популарниот Лева се одлучи дека е време за чекор понатака во 2014 година.
Сигнал Идуна Парк го замени со Алијанц Арена, а се појасно е дека за такво нешто на крајот на сезоната ќе се одлучи и Обамејанг.
Разликата е во тоа што Габонецот речиси сигурно нема да го засили ривалот во Бундеслигата.
Тој рече дека сака во Реал, а желбата лесно може да му се исполни веќе во ова лето.
Во управата на Борусија не седат со скрстени раце по тоа прашање, бараат меѓу меѓу 70 и 100 милиони евра за услугите за својот напаѓач, а му спремија и замена.
Како што пренесува германски „Билд“ доколку Ауба замине, ќе го замени напаѓачот на Лион Александер Лаказет!
Французинот доминира во Франција веќе неколку сезони, повторно е еден од најдобрите стрелци во лигата, во минатата сезона не успеа да реализира трансфер, во ова лето тешко е дека тоа ќе го повтори.
Заинтересирани страни има многу, а во управата на Борусија сметаат дека може да ја победат конкуренцијата, бидејќи се спремни голем дел од парите од продажбата на Обамејанг да инвестираат во ангажирање на францускиот репрезентативец.
Претседателот на Лион Жан – Мишел Ула изјави дека клубот нема да стои на патот на играчите кои сакаат да го напуштат клубот, а се верува дека за услугите на својот најдобар играч Лион ќе бара околу 60 милиони евра.