Доха: Ѓоковиќ против Штруф, Мареј против Џереми


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобрите тенисери ги дознаа имињата на првите ривали во 2017-та година.

На стартот на АТП турнирот во Доха, бранителот на титулата, Ѓоковиќ ќе игра против Јан-Ленард Штруф, кој е моментално на 63-то место додека Мареј ќе игра против Џереми Чарди.

Во истата половина на ждребот се наоѓаат и Давид Гофан и Иво Карловиќ.

Турнирот во Доха на програмата е од 2-ри до 7-ми јануари, а наградниот фонд изнесува 1.236.190 долари.