Дојде во летото, веќе на зима ги пакува куферите и заминува


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челниците на Милан порачаа денеска дека јануарскиот преоден рок за нив само што започна, и дека во наредниот период неколку играчи сигурно ќе го напуштат Сан Сиро.

Росонерите се надеваат дека Хосе Ернесто Соса наскоро ќе го напушти Милан, бидејќи овој играч го сакааат два клуба од Кина.

Соса во летото стигна на Сан Сиро од Бешикташ, но се испостави дека тоа е погрешен потег на италијанскиот клуб.

Италијанските медиуми пренесоа денеска дека Хебеи Кина Фуртуна и Пекинг Гуан го сакаат Соса, и дека Милан е спремен да го пушти овој играч.

Сепак, сеуште се чека Соса да ги договори условите за договор за интересираните страни, а преговорите се во тек.

Доколку Соса се одлучи за својата кариера да ја продолжи во еден од овие кинески клубови Милан веројатно ќе заработи околу 7.5 милиони евра. Овој 31-годишен играч во дресот на Милан во досегашниот дел од сезоната одигра само 395 минути.

Во корист на Соса во оваа сезона не оди ни тоа дека 18-годишниот Мануел Локатели го зациментираше своето место во првиот состав, и во целост го турна некогашниот играч на Бешикташ во втор план.