Дојдов, видов, победив: Федерер ја освои 20 гренслем титула!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер уште еднаш ја покажа својата големина по победата во финалето на првиот гренслем турнир во годината Австралија Опен, откако го победи Марин Чилиќ со 3-2 во сетови.

Иако Федерер има 36 години, тој уште еднаш покажа дека е најверојатно најдобриот тенисер кој светот некогаш го гледал и по шестти пат во својата кариера го освои Австралија Опен.

Швајцарецот во финалето беше подобар со 3-2 во сетови, поточно 6-2, 6-7, 6-3, 3-6 и 6-1.

Федекс на тој начин стигна до неверојатната 20 титула во кариерата на гренслем турнирите.