До Роналдо не допира поразот од Јанг Бојс: Сега почнува интересниот дел во Лигата на шампионите…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус со четири победи и два порази се изборија за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Бјанконерите синоќа во Берн беа поразени од Јанг Бојс, но и покрај тоа во групата Х завршија како лидери и сега трпеливо ја чекаат ждрепката која ќе биде оддржана во понеделник.

И сега Јувентус ќе биде еден од кандидатите за освојување на Лигата на шампионите, а на долгоочекуваниот трофеј му се радува и Кристијано Роналдо, првата ѕвезда во редовите на торинскиот клуб.

„Сега почнува убавиот дел во ЛШ, убеден сум дека ќе бидеме потполно подготвени за тоа. Мирен сум, бидејќи го знам потенцијалот на овој тим и својот потенцијал. Можев и сега да дадам лесно неколку погодоци, но и тоа е фудбал, мораме да се концентрираме на следниот меч“, истакна Роналдо.

Покрај Јувентус, во првиот шешир пред ждрепката уште се Реал, Барселона, ПСЖ, Порто, Борусија, Берн и Манчестер Сити.