Драмата во Милано продолжува: Во случајот „Икарди“ се вклучи и Лопез!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер синоќа успеа да слави против Милан со 3-2, но во центар на внимание се случувањата со нивниот напаѓач Мауро Икарди, кој ја загуби капитенската лента, па од тогаш не настапува за екипата, а наводно е повреден.

Веќе некое време Икарди не игра, зашто наводно е повреден, а неговата сопруга Ванда Нара не е во добри односи со раководството на Интер, па токму поради тоа Аргентинецот не сака да потпише нов договор.

И додека трае драмата, поранешниот маж на Ванда, а бивш пријател и на Икарди, Макси Лопез дополнително ја „загреа“ атмосферата, откако го „заследи“ Иван Перишиќ, а потоа му лајкна неколку фотографии, по што и Хрватот врати со иста мера.

Италијанските медиуми веднаш почнаа да пишуваат дека и Лопез стои зад целата ситуација за Икарди, но ретко кој верува во таквите приказни.