Драмата продолжува: Годин одби да потпише нов договор со Атлетико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот одбранбен фудбалер Диего Годин одби да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид.

Годин има договор до наредната година со вицешампионот на Шпанија, а се шпекулираше дека би можел да го продолжи наскоро, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Новиот капитен на Атлетико, за кој интерес летово покажаа Манчестер јунајтед и Јувентус, потврди дека нема да потпише нов договор со екипата.

„Не го продолжив договорот. Останав во Атлетико Мадрид од лични причини. Летово имав неколку понуди, но сите ги одбив. Во новата сезона сакам да освоиме трофеј во Лигата на шампиони, но и во останатите натпреварувања“, кажа Годин.