Дуо на Барса во посета кај Марк Бартра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Марк Бартра се опоравува и понатака од повредата која во минатата недела ја здоби после експлозијата која се случи пред автобусот во кој беа играчите на Борусија Дортмунд.

Час време пред почетокот на натпреварот од четвртфиналето на ЛШ меѓу Дортмунд и Монако нападнат е автобусот на германската екипа, и одекнаа три експлозии.

Во овој напад повреден е Марк Бартра кој заврши во болница, и мораше да ја оперира раката.

За среќа повредата не беше толку сериозна, и Бартра веќе два дена подоцна е пуштен на домашно лекување.

Шпанецот изјави дека се надева дека брзо ќе се врати на терен и дека сака што побрзо да го заборави тоа што се случи во Дортмунд пред шест дена.

Бартра денеска имаше посебна посета бидејќи во посета стигнаа неговите некогашни соиграчи од Барселона.

Својот поранешен тимски колега го посетија во Дортмунд денеска Жорди Алба и Серхио Бускетс што поприлично го изненадија одбранбениот играч на германската екипа.