Дурант го уништи поранешниот тим – Голден Стејт подобар од Оклахома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кевин Дурант го однесе Голден Стејт до убедлива победа против Оклахома со 121:100. Иако Расел Вестбрук стигна до 21-от трипл-дабл оваа сезона со 27 поени, 13 асистенции и 15 скокови, тоа беше малку за Оклахома.

Дурант беше несопирлив, тој постигна 40 поени и 12 скокови.

Останатите натпревари донесоа исто така многу возбудувања. Изненадувања направија Филаделфија која го победи Торонто со 94:89 со 26 поени за 26 минути на одличниот Џоел Ембид.

Њујорк успеа да го победи Бостон со 117:106, а одлична ноќ имаше Дерик Роуз со 30 поени. Недоволен на домаќинот му беше фантастичниот Томас кој постигна 39 поени.

Останати резултати:

Шарлот – Портланд 107:85
Вашингтон – Мемфис 104:101
Детроит – Атланта 118:95
Њу Орлеанс – Орландо 118:98
Сакраменто – Индијана 100:106