Дурант за изборот на новиот тим: Ќе бидам искрен!

Одлуката на Кевин Дурант во летото 2016 година да потпише за Голден Стејт Вариорс предизвика големи негодувања.

Сепак Дурант не обрнуваше внимание на гласините кои што кружеа околу него и со Вариорсите освои два НБА прстени.

Овој играч веќе следното лето е слободен играч и ќе има можност да го промени клубот, а најави дека околу изборот ќе биде искрен.

,,Само ќе бидам искрен. Бев таков и со оваа одлука и ако ме прашаат луѓето околу тоа не се срамам да зборувам за тоа зошто одлучив да го променам тимот. Не е крај на светот, не направив ништо противзаконски”- рече Дурант и притоа додаде:

,,Се чудев поради огромното внимание кое го предизвика мојата одлука да го променам тимот. Мислев дека некаде погрешив, но длабоко во себе знаев дека донесов правилна одлука и позади таа одлука морам да стојам. Секогаш ќе има шпекулации, гласини за кликови и тоа може само да ме вознемири. Затоа во се ќе бидам целосно отворен”- рече Дуран за ЕСПН.

Дурант минатата сезона постигнуваше 26,4 поени по натпревар, а во кариерата просекот му е нешто повеќе од 27 погодоци.