Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Очигледно нешто не „штима во рајот“ во последно време, а во центарот на вниманието се двајца кошаркари – Кевин Дурант и Дрејмонд Грин.
Тие неодамна се скараа за време на тајм-аут на својата екипа, па Грин доби суспензија од страна на тимот на еден натпревар, а синоќа повторно беа заедно на паркетот.
Еден од новинарите на прес конференцијата го интересирало во каков однос се сега Дурант и Грин, а Дурант тоа прашање очигледно многу го изнервирало.
„Немој повеќе да ме прашуваш за тоа“, луто одговорил Дурант и се свртел кон другите новинари.
Каков ќе биде нивниот однос во иднина, останува да видиме.