Дурент едвај чека да го види Теодосиќ во НБА:„Најдобрата асистенција која ја видов во животот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Убав, пас без гледање е едно од најубавите нешта во играта наречена кошарка. Такви пасови даваа Меџик Џонсон и Стиф Неш, пасови кои беа пола кош, убавината на тој пас е исто како да видите силно забивање преку играч. Во денешно време има доста добри пасери во НБА лигата, но речиси никој не е како Милош Теодосиќ, магичниот србин кој не го заборавил ниту Кевин Дурент.

Милош Теодосиќ потпиша договор со Лос Анџелес Клиперс во јули, а американските медиуми едвај чекаат тој да заигра во најсилната кошаркарска лига на светот.

Еден од оние кои едвај чека да го види Теодосиќ на паркетот е и супер ѕвездата на Голден Стејт, Кевин Дурент, кој рече дека никогаш во животот немал видено таков пас, каков што направи Теодосиќ во натпреварот помеѓу САД и Србија минатата година.

„Играв против него. Едвај чекам да го видам во НБА. Тој го направи најдобриот пас што го имам видено во мојот живот, минатото лето. Сите бевме вчудоневидени и се прашувавме како го направи тоа? Тоа беше неверојатен момент, пројде преку двајца наши играчи и кога сите мислеа дека тој ќе оди на положување, со едно неверојатно движење на раката тој измами двајца наши кошаркари и ја додаде топката преку својата глава надвор за три поени.“

„Не можев да верувам, си помислив ова е најдобриот пас што некогаш сум го видел“. – заврши ДУрент.

Милош Теодосиќ ги помина последните 10-години играјќи во Евролигата, а освен што зане да додава, тој исто така е и добар шутер. Минатата сезона тој бележеше учинок од 16.6 поени по натпревар, со 6.8 асистенции.