Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра исклучително слабо и тимот на Жозе Мурињо во ретки моменти доминира во Англија.
Јунајтед засега не игра ниту блиску од она што навивачите го посакуваат. Менаџерот Жозе Мурињо во текот на летото не ги доби посакуваните засилувања, а на „Олд Трафорд“ нема да бидат ниту во јануари.
Според информациите на Индепендент, раководството на клубот нема намера да доведува засилувања во текот на јануари и тоа сосема сигурно дополнително ќе го исфрустира Мурињо.
Специјалниот жестоко ги критикуваше челниците на клубот бидејќи не му овоможиле квалитетни засилувања со кои би можел да се бори за титулата. Тоа и јавно го искажуваше, што за малку ќе го чинеше работа.
Меѓутоа, факт е дека ќе остане без засилувања и во текот на јануари, и тоа сигурно нема да му се допадне на Португалецот. Очекуваше пари со кои би довел фудбалери кои ќе му помогнат да се насочи кон врвот на табелата, но нема да ги добие.
Јунајтед во моментов е на осмата позиција во Премиер лигата со 20 освоени бодови и зас местото кое води во Лигата на шампиони заостануваат седум бодови.