Душан Тадиќ пред трансфер на кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалер, Душан Тадиќ би можел ова лето да направи трансфер на кариерата.

Фантастичниот крилен фудбалер на Саутемптон со одличните настапи привлече внимание кон себе, па стигнаа понуди од италијанските гиганти Јувентус и Наполи.

Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба се спремни да издвојат околу 15 милиони евра за овој 28-годишен фудбалер.

Сигурно дека потписот за некој од овие два клуба би бил трансфер на кариерата за Тадиќ.

Пред Саутемптон, Тадиќ го носеше дресот на Твенте, а порано играше за Гронинген и Војводина.