Еве кој ќе ја дели правдата во ¼-финале на ЛШ!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Одредено е кој ќе суди на првите натпревари од ¼-финале во ЛШ во Торино и Дортмунд.

Во вторник не очекуваат првите натпревари од ¼-финале во ЛШ, а Јуве гостува кај Барселона додека Борусија го пречекува Монако.

Што се однесува до средбата во Торино, таму правдата ќе ја дели Марчињак.

Тој досега судеше на три натпревари на Јувентус, а тие на сите три победија. Што се однесува до Барселона, тие не го паметат по добро, затоа што им судеше во Париз каде што доживеаа пораз.

Искусниот Ораста ќе суди во Дортмунд. Тој никогаш во кариерата не ја делел правдата на натпревар на Дортмунд, ниту на натпревар на Монако.

Оваа сезона 5 пати ја делеше правдата во ЛШ, а последен пат помеѓу Лестер и Севиља, кога победи тимот на Лестер.