Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарите на Бамберг ја декласираа Барселона со 85:65 во 16-то коло во Евролигата.
Германскиот тим има разултат од 7-9, а шпанскиот од 10-6.
Бамберг цело време го контролираше натпреварот, а имаше дури и 9 поени предност на полувремето, а на крајот стигнаа и до 20 поени разлика.
Најдобар во германскиот тим беа Дариус Милер и Јанис Стрелниекс со по 20 поени додека Николо Мели постигна 17 поени и 13 скокови.
Во Барселона најдобар беше Тајрзи Рајс со 19 поени, 4 асистенции и 5 изгубени топки.
На другиот натпревар се водеше голема борба помеѓу Макаби и Дарусафак. На крајот израелскиот тим беше подобар со 93:92.