Еден од најголемите конкуренти на позицијата играч за врска порача: Модриќ, благодарам за се?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ со освојување на Златната топка на почетокот на месецот ја прекина десетгодишната доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо во изборите за најдобар фудбалер на светот.

„Ова е победа за фудбалот“, порача капитенот на хрватската репрезентација по доделувањето на признанието во Париз.

Новинарите го запрашаа какво е чувството да се прекине доминацијата на Португалецот и Аргентинецот, а тој со одговорот ги воодушеви Шпанците. Одлучи наградата да им ја посвети на Чави, Иниеста и останатите играчи за врска кои можеа да ја освојат во изминатите години, но не беа избрани.

„Многу сум среќен, но оваа награда исто така е за оние играчи кои веројатно ја заслужиле, но не ја добиле. Некои играчи требаа да ја освојат Златната топка во последната година, како Чави, Иниеста или Снајдер. Но тоа не се случи. Сега луѓето сепак бараат нешто поинакво. Мислам дека оваа вечер беше и победа за фудбалот“, истакна Модриќ и ги воодушеви Шпанците.

Сега му се заблагодари и самиот Чави, еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња.

„Беше тоа убаво од него. Искрено, бев изненаден и се разнежнив“, откри некогашниот фудбалер на Барселона.

Чави, кој сега игра во Катар, смета дека сепак Меси е најдобар.

„Мило ми е што наградата отиде кај него, иако сепак мислев дека ќе ја освои Лео Меси. Јас на Меси би му ја доделувал секоја година, но секако тоа така не оди. Баш ми недостасува да играм со него и со сите останати во Барселона“, посочи Чави.