Един Џеко сепак не се враќа толку брзо


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Иако синоќа се појавија информации дека Един Џеко ќе го пропушти мечот против Интер, но дека ќе се врати еќе наредната недела на тренинзи, сега италијански Скај донесува малку поинакви вести.

Првите информации говореа дека опоравувањето на Џеко ќе трае 10 дена, но сега Скај соопшти дека тој ќе паузира околу три недели. Слична пауза го очекува и Ел Шарави кој мораше да ја напушти средбата со Реал после само 20 минути игра.

Се очекува во акција да се вратат и двајцата напаѓачи на Рома за натпреварот против Јувентус кој се игра на 22. декември.

Добри вести за Ди Франческо е дека на тренизи се вратија Хавиер Пасторе и Диего Перот, па би требало да бидат во конкуренција за Интер.