Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Напаѓачот на Рома, Един Џеко веќе некое време е надвор од игра поради повредата на мускулот која ја здоби за време на натпреварот против Реал Мадрид во рамките на Лигата на шампионите.
Иако на прв поглед се чинеше дека повредата не е сериозна и дека Џеко брзо ќе се врати на терен до сега, пропушти неколку важни натпревари во кои Рома не се покажа во најдобро издание, а
се поизвесно е дека тој ќе го пропушти мечот против Плзен утре и против Џенова на 16 декември.
Претпоставка е дека Џеко ќе се врати на терен против Сасуолo на натпреварот кој ќе се одигра на 26 декември, а најновите вести од Италија се дека тој би можел да заигра и неколку дена порано.
Рома на 22 декември гостува кај Јувентус па Ди Франческо тогаш би можел да смета на Џеко кој би можел барем да седи на клупата за резерви.
Един Џеко за сега игра многу скромно во Серија А каде на 12 натпревари има постигнато само два гола.