Елмас се подобар: Одлична асистенција во победата над Каљари (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец во дресот на Фенербахче од ден во ден продолжува се повеќе да ги импресионира првите лица на турскиот клуб.

Откако доби голема доверба од Фили Коку, нашиот млад талент ја користи на најдобар можен начин.

Не е ни чудно што токму холандскиот тренер го посочи нашиот фудбалер како еден од ретките млади играчи кои можат да одиграат на завидно ниво цели 90 минути.

Елмас на вчерашниот натпревар против Каљари кој Фенер го доби со 2:1 запиша асистенција на погодокот на Алпер Потук. 18 годишниот фудбалер украде една топка на средината на теренот и со одличен продор стигна до шеснаесетникот на Италијанците од каде го проигра Потук кој го најде патот до мрежата.