Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стротман ја напушти Рома после пет сезони, а трансферот е вреден околу 26 милиони евра. Сепак се чини дека Стротман не беше премногу среќен поради овој трансфер, со обзир дека во некои негови на одреден начин порачуваше дека е „избркан“ од Рома.
„Заминувањето на Кевин е голема загуба. Тој е многу харизматична фигура во нашата соблекувална. Играч чиј глас секогаш се слушаше. Од дрга страна, клбот има неколку талентирани младинци во кои сака да вложува и во кои како соиграчи навистина веруваме“, порача Ел Шарави за Скај.
Ел Шарави додаде коментар и за почетокот на новата сезона, во која Рома има една победа и едно реми и со оглед на многуте засилувања не импресионираше со играта.
„Не смееме да носиме заклучоци по само два натпревари. Нашите млади играчи се талентирани и тие тоа го покажуваат, но мораме да го пуштиме да се развиваат. Клубот го напуштија многу значајни играчи, но би рекол дека и минатата година беше иста приказна, а дојдовме до полуфинале на ЛШ“, итакна Ел Шарави.