Емери го подготви списокот засилувања: На него се најдоа три имиња!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал синоќа успеа да стигне до пласманот во четвртфиналето од Лига Европа откако го совлада Рен со 3:0.

„Топчиите“ така во продолжението на сезоната ќе влезат со блага еуфорија бидејќи со тоа и натаму е во игра за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Клубот за следното лето веќе ги подготви метите, а се издвојуваат три имиња: Кијеран Тирини, Исмаила Сар и Ник Поуп.

Фудбалерот на Селтик привлече внимание на бројни европски екипи, има само 21 година и би претставувал алтернатива за Сеад Колашинац бидејќи се очекува Начо Монреал да го напушти Клубот во следниот преоден рок.

Емери имаше шанса да го забележи во акција во живо против Рен, веднаш по првиот меч беа восоставени контакти со клубот, но и претставниците на крилниот напаѓач кој постигна 10 погодоци и запиша 11 асистенции на 39 настапи оваа сезона.

Барнли би го пуштил Поуп за 10 милиони фунти, тој е Англичанец и така би ја пополнил квотата на домашни играчи која е неопходна во Премиер лигата.