Емери и Мончи веќе скроија план за новите имиња на „Емирати“: Првото засилување пристигнува директно од „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Топчиите“ се дефицитарни во редот за врска, а засилувања во тој дел од теренот ќе бидат и тоа како потребни на крајот од сезоната кога Арон Ремзи ќе се пресели во Торино.

Јасно е дека тоа ќе биде голема дупка, но челниците на клубот од „Емирати“ имаат план.

Со пристигнувањето на Мончи стигна и списокот засилувања, но според пишувањата на Дон Балон, „Топчиите“ го сакаат и Артуро Видал следната сезона во својот дрес.

30-годишниот Чилеанец ова лето премина од Баерн во Барселона, меѓутоа во редовите на Каталонците, предност над некогашниот фудбалер на Јувентус, имаат Артур, Ракитиќ и Бускетс па темпераментниот Чилеанец по само една сезона би можел да ја промени средината.

Искусниот Видал е тип на играч каков што му е потребен на Емери на средината на теренот, останува да видиме дали желбата и ќе му се исполни.