Емери си најде и последно засилување: Арсенал купува играч на Милан!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант Арсенал би можел да го купи Рикардо Родригез од Милан летово, откако претходно се повреди Сеад Колашинац.

Родригез пристигна во Милан од Волфсбург минатото лето за 15 милиони евра. Тој досега имаше 47 настапи во сите натпреварувања за „росонерите“, а постигна четири гола.

„Дејли мејл“ пишува дека Арсенал мора да побрза доколку сака да го обезбеди потписот на Родригез бидејќи преодниот рок во Англија се затвора на деветти август.

Инаку, Арсенал ќе има конкуренција од Баерн Минхен за потписот на Родригез.