Емисарите на Мурињо на „Олимпико“ гледале Србин и Белгиец!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лацио во неделата е поразен од Наполи, а на трибините на стадионот во Рим се најдоа и претставници на Манчестер Јунајтед.

„Небесносините“ ги угостија Наполитанците, но не си поминаа убаво, бидејќи четата на Маурицио Сари славеше со 0:3.

Играчите на двата тима имаа и мотив повеќе, бидејќи на трибините на Олимпико беа претставниците на Манчестер Јунајтед.

Вниманието на англискиот гигант повеќе беше насочен кон гостите, а сега е разјаснето и кои фудбалери биле повод на Јунајтед да испратат свои луѓе во „вечниот град“.

Имено, познато е дека Јунајтед е заинтересиран за офанзивецот на Наполи Дрис Мертенс, искусниот напаѓач играше до 81 минута кога го замени Милик, а за тоа време сепак не успеа да се запише во листата на стрелците.

 

Втор играч кој скаутите на Јунајтед внимателно го следеа е играчот за врска на Лацио Сергеј Милинковиќ Савиќ!

Српскиот фудбалер игра сезона од соништата во Серија А, постигна седум голови и запиша исто толку асистенции, но не се истакна во споменатиот меч од 31 коло од италијанскиот шампионат, неговиот тим е убедливо поразен, но успеа да заработи и жолт картон.

Било како било, тешко дека луѓетоп од Јунајтед ќе судат по само еден меч, Милинковиќ Савиќ блеска во оваа сезона, доказ е и интересот на Јувентус, и нема сомнеж дека во летово може да направи одличен трансфер.