Емре Чан на лекарски прегледи во Торино, што ќе биде со Пјаниќ

Откако неодамна Јуве ја заврши работата околу доведување на Матија Перин, сега веќе поранешен голман на Џенова, кој ќе биде конкуренција на Счезни, во Торино предмалку на лекарски преглед пристигна и германскиот играч за врска, Емре Чан.

Доскорешниот фудбалер на Ливерпул долго време се доведуваше во врска со италијанскиот првак, а после неколку неуспешни преговори „Старата Дама“ својствено на досегашната пракса го доведе за нула евра. Исто како ситуацијата со Пирло, Погба, Кедира и Алвеш.

Чан игра на позицијата офанзивен играч за врска, но може да биде и прв играч пред одбраната. Долгогодишна желба беше на Алегри, а после интересот на Барса за Пјаниќ, еве одлична прилика за додатни шпекулации, каде ќе заврши босанецот.