Енди се враќа: Мареј го победи 18. носител за трето коло во Вашингтон


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј го солвада својот сонародник, Кајл Едмунд со 2:1 по сетови (7:6, 1:6, 6:4) итака се пласираше во третото коло на турнирот во Вашингтон.

Мареј, кој во моментов се наоѓа на 832. место на ранг листата зад себе има тежок период откако пропушти речиси една година поради повреда и операција на колкот.

Британецот успешно ја преброди првата пречка на турнирот, но против Едмунд имаше многу потешка задача. Сепак, на крајот Мареј успеа да слави и да се пласира во третото коло каде за противник ќе го има романскиот тенисер Мариус Чопли.