Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Шпанскиот стручнак Луис Енрире пред неколку недели потврди дека на крајот на оваа сезона ќе ја напушти Барселона.
Енрике на клупата на каталонската екипа стигна во лето 2014 година кога потпиша тригодишен договор.
На крајот на оваа сезона истекува тој договор, а Барса не се одлучи да му понуди нов договор поради што Луис Енрике беше приморан да потврди дека ќе го напушти Ноу Камп на крајот на оваа сезона.
Шпанските медиуми пишуваа после тоа дека Енрике сигурно ќе ја продолжи кариерата во некој друг клуб, но се чини дека од тоа нема да биде ништо.
Тренерот на Барселона потврди денеска за медиумите дека веќе направил планови што ќе работи после тоа што ќе го напушти овој клуб.
„Кога ќе ја напуштам Барселона како тренер тоа не значи дека ќе го напуштам овој град бидејќи тоа е мој дом. Знам дека се шпекулира доста за тоа дека веќе имам договов со некои клубови, но тоа не е вистина.
Можам да ви кажам дека одлучив да земам одмор од година дена после што ќе ја напуштам Барселона. Значи, наредната година ќе бидам тотално надвор од фудбалските случувања“, рече Енрике.
Слична работа направи Пеп Гвардиола кој во летото 2012 година ја напушти Барселона.
Гвардиола тогаш зеде година одмор после што својата тренерска кариера ја продолжи во Баерн.