Ерупција во Лил – Стигнаа неколку засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лил реши да го искористи последниот ден од зимскиот преоден рок и ангажираше 4 фудбалери.

Анвар Ел Гази стигна од Ајакс и потпиша договор на 4 и пол години со тимот.

Лил не ги соопшти деталите од трансферот, а медиумите пишуваат дека тој бил платен 7 милиони евра.

„Целта е да се борам за клубот, а головите ќе дојдат со тек на време.“

Тој одигра 98 натпревари за Ајакс и постигна 23 голови.

Лил има проблеми со напаѓачите, бидејчи во 22 натпревари постигнаа 21 гол. Клубот е на 11-то место на табелата со 23 бодови зад Монако.

По Ел Гази, договори потпишаа и Жуниор Алонсо, Фарес Балули и Агим Зека.