Ефектот насловен „Роналдо“: Колку доби Јувентус со најголемото засилување…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пристигна летово на изненадување на многумина во редовите на „Старата дама“ во тоа време и официјално најдобриот играч на планетата, Кристијано Роналдо.

По три трофеи во низа во Лигата на шампионите кои Реал ги освои, тој одлучи да го подигне сидрото, Јувентус беше единствениот логичен избор.

„Бјанконерите“ платија рекордни 112 милиони евра, но се доби впечаток дека секој цент се исплатеше, како на фудбалски така и на економски план, се сечаваме дека и делови на клубот скокнаа кога се приближи неговото пристигнување во Торино.

Како и да е, во почетокот, на фудбалски план, не одеше се како подмачкано, но кога еднаш го проби ледот, впечатокот е дека повеќе не може да сопре.

Стана првиот фудбалер кој постигна гол на девет врзани гостувања во Серија А, најдобар стрелец во сите натпреварувања, а сега осамна и податок дека учествуваше во дури 70% од погодоците на „Старата дама“ оваа сезона.

Импозантен податок, така што, од 53 постигнати погодоци на Јувентус, Кристијано Роналдо учествуваше во 37, дали како голгетер или асистент.