Ешли Кол и официјално ќе работи под водство на Френк Лампард


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот лев бек, Ешли Кол и официјално потпиша договор со Дерби Каунти и ќе остане во тимот на Френк Лампард во следните шест месеци.

38 годишниот Кол во Дерби Каунти пристигна како слободен агент откако од Лос Анџелес Галакси се решија да не му го продолжат договорот по крајот на сезоната.

„Презадоволен сум што бевме во можност да ги обезбедиме услугите на Ешли за останатиот дел од сезоната. Тој е фантастичен играч, квалитетен лев бек кој ќе ни донесе неверојатно искуство во соблекувалните. Го знам многу добро од времето поминато заедно во Челси и со репрезентацијата на Англија и исто знам што може да донесе на тимот и какво влијание ќе има“- коментираше Френк Лампард на презентацијата на Кол.