Ешли Кол се враќа во Англија, тренер ќе му биде поранешниот соиграч од Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Дерби Каунти се во преговори да го потпишат поранешниот репрезентативец на Англија, Ешли Кол во договор до крајот на сезоната.

Кол е слободен агент откако си замина од Лос Анџелес Галакси во ноември, 2018 година. Доколку се реши да ја прифати понудата Кол ќе работи под раководство на неговиот поранешен соиграч од Челси, Френк Лампард.

Од клубот кој се бори за пласман во Премиер лигата денес му дозволија на левиот бек Макс Лов да се врати во Абердин.