Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот фудбалер на Монако Килијан Мбапе (18) ја игра сезоната од соништата, а со самото тоа стана исклучително баран на пазарот.
Овој 18-годишен експлодираше во оваа сезона и го води Монако кон титула во Франција, а воедно клубот го доведе до четвртфинале на ЛШ.
За него со денови се зборува, а донеодамна никој немаше претстава кој е и што е.
Влијателните шпански весници Марка и АС за него денеска пишуваат како за играч кој ќе чини рекордни 120 милиони евра, а се споменува Реал Мадрид како нареден клуб во кој овој талентиран напаѓач ќе игра.
Во оваа сезона постигна 19 погодоци и запиша 11 асистенции, и го нарекуваат новиот Тиери Анри.
Англиските медиуми често го преселуваат на Островот, но Мбапе со тоа не се замара.
„Жал ми е, но не гледам што пишуваат англиските новинари. Не ме интересира“, кратко рече Мбапе, кој рече дека ќе остане фокусиран на игрите во Монако, кој во четвртфиналето ќе игра против Борусија Дортмунд, а засега лидер во Франција.