„Желба ми е кариерата да ја завршам во Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ ги отфрли шпекулациите дека сака да го напушти клубот поради несогласувањата со Луис Енрике.

„Мојата желба е да останам во Барселона до крајот на кариерата. Претседателот и мојот тренер работат на тоа, зборуваме за нов договор и не е вистина дека сум ја одбил првата понуда. Верувам дека успешно ќе се завршат преговорите.“

Играчот на Хрватска демантираше дека има проблеми со тренерот, иако призна дека му се восхитува на Гвардиола и дека би сакал еден ден да соработуваат.

Ракитиќ во Барселона дојде во 2014 година од Севиља, а претходно играше за Шалке и Базел.