Животната приказна на Озил која ве тера на солзи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сиромаштија, болка, трње, па на крајот ѕвезда, така може да се опише животната приказна на еден од најдобрите крилни напаѓачи на светот, Германецот, Месут Озил.

Устата понекогаш беше гладна, желбата за слатки како и кај секое дете. Периодот на растење беше благо речено ужасно, имаше само колку да се преживее.

Спиеше на под, а еден пар копачки мораше да траат неколку години.

„Мојата мајка беше чистачка, а татко ми рудар. Во куќата имавме само три простории, две соби и една дневна соба. Спијав во собата со мојот брат. Имавме само еден кревет, па поради тоа морав да спијам на душек кој се наоѓаше на подот.

Мојата сестра, собата ја делеше со родителите. Парите беа ретки.

Имав само едни копачки, кои ги користев дури три години. Морав да ги крпам со леплива лента.

Одев на натпревари и гледав другите како имаат нови копачки, ми беше срам“, се потсетува Озил.

Солзите ги криеше од другите, главата ја вртеше со цел да не ги слуша другите како се зезаат и прозиваат. Се повлече во својата болка, но не дозволи таа да го победи.

„Ме зезаа. Најмногу играчите и родителите на противничките екипи. Меѓутпа, јас им докажав. Можете да имате најдобри копачки, но тоа не значи дека сте најдобри на теренот. Бев најдобар играч, тоа ми даваше самодоверба“, рече Германецот.

Приливот на пари беше минимален во негоиот дом, но приливот на родетелската љубов и поддршката беше повеќе од се.

„Немавме кола, па така некогаш не одев на натпревари. Пари немавме многу, но меѓусебно се сакавме и почитувавме. Имав фамилија која ме поддржуваше, бев среќен“, заклучи фудбалерот на Арсенал, Месут Озил.

Оваа приказна е  една во низата на многу други, која испраќа силна порака како поддршка за најмилите, клучна за успесите.

Тој сакаше, сака и понатака живее за фудбал, тој со своите потези ја направи најубавата работа на светот.