Жиру не сака да го напушти Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека напаѓачот Оливие Жиру не сака да го напушти „Емирати“.

„Ми се допаѓа како човек и како играч затоа што е фантастично момче. Тој го сака клубот и не сака да замине, а јас сум среќен поради тоа што сака да остане“- коментираше Венгер за францускиот интернационалец по победата над Лестер од 4:3.

Венгер потврди дека во одреден период му дозволиле да си бара нова средина затоа што во клубот имало многу напаѓачи, но Жиру одлучил да се бори за место во тимот.

„Во еден период ја отворив вратата за него затоа што знаев дека имам многу напаѓачи. Но сепак него многу му се допаѓа што е овде, нас ни се допаѓа како играч и затоа дојдовме до заеднички договор Жиру да остане“- заклучи Венгер.