Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру во интервју за „РТЛ“ говореше за својата ситуација во редовите на клубот од Лондон.
Французинот не е прв избор на Сари и во интервјуто потенцираше дека е свесен за тоа. Поранешниот фудбалер на Арсенал си призна дека е свесен дека до крајот на сезоната ќе настапува само во Лига Еворпа како прв напаѓач, а во останатите натпревари ќе биде резерва.
„Во Челси нема компетенција, знам дека ќе играм само во Лига Европа, а во Лигата ќе бидам резерва. Тоа е комплицирана ситуација. Дали би се вратил во Франција во иднина? –Можеби“ –заклучи Жиру.