Жозе на шопинг на Стемфорд Бриџ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Челси, Вилијан.

Крилниот фудбалер на Стемфорд Бриџ стигна во 2013-та година, а во текот на престојот на Мурињо во овој клуб беше негов миленик.

Откако Антонио Конте го презеде тимот, бразилецот игра помалку, па од првата минута има играно само 13 натпревари.

Ова лето 28-годишниот бразилец би можел да го промени клубот. Интерес за него покажа Манчестер Јунајтед.

Бидејќи Вилијан има уште четири години договор со сините, Јунајтед мора добро да плати, а цената од 32 милиони фунти наводно ќе биде доволна за раководството на Челси.