„Жртвата“ на Ибра е разочарана од одлуката на ФА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Човекот кој Златан го нокаутираше во минатиот викенд доби драстична казна.

Дефанзивецот на Бурнмут Тајрон Мингс е суспендиран на пет натпревари неиграње.

Да потсетиме, тој беше во центарот на инцидентот на Театарот на соништата“ на примиерниот натпревар од 27 коло од Премиер лигата.

Мингс го нагази Ибрахимовиќ на глава, тешко е да се процени дали тоа го направи намерно или невнимателно, а напаѓачот на Ѓаволите не му остана должен.

Златан го нокаутираше со лакт, тука беше јасно како ден дека тоа го направи намерно, но затоа не доби ниту жолт картон.

„Екстремно сум разочаран со одлуката на сојузот. Ако е тоа што го направив за пет натпревари суспензија…“, изјави стоперот на Бурнмут.

Менаџерот на Бурнмут Еди Хау истотака ја искоментира одлуката на ФА, но во значително поблаг тон.

„Со Тајрон сум. Јас сум сигурен дека беше случајно и дека не заслужи да биде вака казнет“, рече Хау.