Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Доколку се мине како што Каталонците планираа, Барселона сезоната би можела да ја заврши со нов трофеј во Ла Лига, Купот на Кралевите и Лигата на шампионите во витрините.
Потоа, Барселона ќе тргне по ново засилување, а едно од нив би можело да биде и играчот кој не може да „се доближи“ до првиот тим на Ливерпул.
Барселона моментално е во преговори со Џорди Алба за продолжување на договорот и јасно е дека сите во клубот сакаат фантастичниот лев бек да остане на „Ноу Камп“.
Сепак, и ако Алба потпише нов договор, Барселона сака поголема длабочина на позицијата лев бек. Челниците на Барселона сакаат евтин играч кој веќе има искуство со играње во Ла Лига и кој како што се наведува таквиот го пронашле во Ливерпул.
Според пишувањата на шпански Спорт, Барселона ќе се обиде да го реализира трансферот на Алберто Морена кој веќе оддамна е во втор план.
Покрај Морена ппотенцијални мети на Барселона како што се наведува се и Начо Монреал и Филипе Луис.
Инаку, Морено е под договор со Ливерпул до следното лето, па Барселона би можела без дополнување да го добие посакуваното засилување.